Пожарникарите – доброволци поделија 350 новогодишни пакетчиња на деца од социјален ризик

Во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници, пожарникарите – доброволци од Доброволното противпожарно друштвоо -Кочани (ДПД) организираа акција за собирање на новогодишни пакетчиња при што пред Нова година поделија 350 пакетчиња, на деца од социјален ризик од општините Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево.

„Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, ДПД Кочани се приклучи кон акцијата „И јас сум дете“ што се спроведува на територија на целата држава за собирање на новогодишни пакетчиња.

На нашиот повик се одзваа голем број на поединци, но и компании на кои во оваа прилика сакаме јавно да им се заблагодареме.

Во оваа наша акција беа собрани 350 пакетчиња кои од страна на нашите членови беа поделени на дечиња на територија на Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци.

Пакетчињата завршија во раце на децата од социјален ризик, деца жртви на семејно насилство, деца на самохрани родители, како и деца од градинките.

Во оваа прилика ДПД Кочани  Ви ги честитаме новогодишните и божиќните празници“, соопштија од Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

И. Матеничарски

Сподели: