Пожарникарите – доброволци собираат донации за набавка на теренско интервентно возило за потребите на доброволното друштво

Доброволното противпожарно друштво – Кочани е во процес на собирање финансиски средства преку донации за набавка на теренско интервентно возило за потребите на пожарникарите – доброволци.

За таа цел, на онлајн платформата „ecrowd“ веќе е отворен линк за донации каде граѓаните може да донираат финансии на Доброволното противпожарно друштво и со тоа да помогнат во обезбедување на теренското возило.

– Преку интернет платформата сите граѓани може со еден клик, електронски да донираат средства во износ од 100 до 6000 денари. Нашата намера е со собраните средства да набавиме половно теренско возило кое ќе го користиме за интервенции и ќе биде од голема корист за нашето друштво. Во моментот, бидејки немаме наше возило за превоз на доброволците користиме сопствени возила или не превезуваат со возила на ТППЕ – Кочани. Поради тоа нужна е потребата за набавка на сопствено возило на противпожарното друштво. Ги повикувам и апелирам до  сите сограѓани кои се во можност да донираат  и да ни помогнат во нашата намера за обезбедување на сопствено возило, истакна Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.

Најголем дел од опремата што ја поседува Доброволното противпожарно друштво е добиена од донации на компании и поединци од државата и странство.  Преку донации обезбедена е работна и интервентна опрема, комуникациски уреди, а во кругот на кочанската пожарна во процес е и реновирање на објект кој ќе биде наменет за Доброволното противпожарно друштво.

Заинтересираните лица може да донираат електронски со клик ОВДЕ или на денарската и девизна сметка на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Денарска сметка на Комерцијална Банка             

300050000186807

Девизна сметка на Комерцијална Банка

Iban code MK 07300701003831758

Swift code KOBSMK2XKOB

И. Матеничарски

Сподели: