По веста дека градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстев е позитивен на коронавирусот, денес екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани изврши целосна дезинфекција на општинската зграда во село Облешево.
Пожарникарите со целосна заштитна опрема ги дезинфицираа работните и помошни простории во зградата.
Воедно службите на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ ги миеја и главните улици во населените места од Чешиново-Облешево.
Овие мерки се преземаат како начин за спречување на ширење на заразата од болеста КОВИД-19.
И.Матеничарски