Еден пожарникар е полесно повреден при вдишување на чад за време на интервенцијата за гаснење на големиот шумски пожар над Кочани.
– При интервенцијата кај еден пожарникар дојде до загушување од вдишан чад, но веднаш интервенираше екипата на Брза помош. Пациентот е хоспитализиран, дадено му е кислород и сега е во стабилна состојба, информираше Александар Серафимов, директор на Општа болница со проширена дејност Кочани.
Освен повредениот пожарникар, медицинска помош побарал и цивил кој учествувал во гаснењето на шумскиот пожар. Тој се здобил со повреда на долните екстремитети и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Од болницата во Кочани информираат дека екипа на Брза помош превентивно била присутна на локациите на опожарените места.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов