Пожарникар нападнат додека гасел пожар на улицата „Митко Беќарски“ во Кочани


Пожарникар бил нападнат додека гасел опожарено моторно возила на улицата „Митко Беќарски“ во Кочани.

Како што информираат од полицијата, „ На 04.03.2021 во 05.50 часот во Полициската станица Кочани, службено лице пријавило дека околу 03.05 часот на ул.„Митко Беќарски“ во Кочани, при вршење на службени дејствија – гаснење на опожарено патничко моторно возило, бил физички нападнат од едно лице.

Претходно, во 02.53 ч. во СВР Штип било пријавено дека на ул„Митко Беќарски“ во Кочани настанал пожар на патничко моторно возило „форд галакси“ сопственост на Р.Р. и два мотоцикли.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.
Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани, стои во дневниот билтен на СВР- Штип.

Сподели:
  •  
  •  
  •