Пожарот што вчера изби во близина на планинското село на Осоговските Планини, во атарот на Главовица се уште е активен и од утрово се гаси со воздушна поддршка на два хеликоптери, од Армијата на Македонија и полицијата.
Утрово од 5 часот мобилизирана е цела Територијална противпожарна единица, поддршка на Доброволното противпожарно друштво и останати надлежни инстутуции.
Гори дабова шума, пожарот е пријавен вчера (28 јули 2024 год.) во 14:30 ч. во кочанската пожарна при што е интервенирано во негово гасење до доцна во ноќта.
Теренот е тешко пристапен поради што гасењето е отежнато.
Командирот на кочанските пожарникари, Драган Апостолов апелира до сите граѓани, особено до земјоделците да не се палат стрништа и оган на отворен простор. Целата единица е на терен на планинскиот пожар и интервенирањето на евентуални полски пожари би било отежнато.