Пожарот кај Костин Дол целосно локализиран

Пожарот кај планинските села Костин Дол и Ново Село е целосно локализиран. На одделни места уште се забележува чад од огнот што зафати дабова и ниско стеблеста шума. На терен се екипи од ШС „Осогово“ кои ги прават последните контроли до целосна ликвидација на пожарот.

-Пожарот кај планинското село Костин Дол е локализиран. На опожареното место моментално се само екипи од Шумско стопанство „Осогово“ кои ги прават последните контроли на теренот до целосна ликвидација на пожарот. Утрово заврна и дожд што дополнително ја олесни ликвидацијата на огнот.  Огнот зафати и уништи поголема површина на дабова шума, истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Во текот на ноќта, ТППЕ – Кочани интевенирала на гаснење на пожар во месноста Дива Топола, атар на село Зрновци каде горела дива депонија. Пожарот бил изгаснат од противпожарна екипа и месно население.

И. Матеничарски

Сподели: