Пожарот над Бавчалук се држи под контрола, граѓаните да не се вознемируваат

Пожарот што моментално е активен на непристапен терен над месноста Бавчалук се држи под контрола и не претставува опасност за околните куќи.

Околу огнената стихија направен е поширок обрач при што на критични точки поставени се дежурни пожарникари кои ја контролираат стихијата и не дозволуваат нејзино проширување.

-Теренот е непристапен за интервенција со луѓе или возила поради што направен е план за делување во текот на ноќта. Се прават напори уште во утринските часови повторно да се интервенира со хеликоптер на Армијата за целосна ликвидација на пожарот. Во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност до сите вклучени во гаснењето на огнените стихии, пожарникарите од Кочани, Виница, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица, вработените во КЈП „Водовод“, ЈП „Национални шуми“ и останати институции, месното население и сите вклучени служби. Благодарност и до Центарот за управување со кризи и кабинетот на претседателот на државата за обезбедување на хеликоптерот за  гасење на пожарот.  Посебна благодарност до Швајцарската агенција за развој и соработка кои понудија да ги отстапат свои возила за поголема мобилност на вклучените во гасењето на пожарот, истакна градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Надлежните апелираат населението да не се вознемирува бидејки службите се на терен и ја имаат ситуацијта под контрола.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: