Повторно се активираше шумскиот пожар над Кочани, овојпат во поголем размер веднаш над Фабриката за вода.
Огнената стихија брзо се шири и се заканува да ја загрози фабриката за вода и околните населби во североисточниот дел на градот.Огнената линија е раширена во пречник од околу 10 километри.
Пожарникарите интервенираат со сите расположливи ресурси, вклучено е месното население, а се очекува поддршка од колеги пожарникари од соседните општини, како и вклучување на Армијата.
И. Матеничарски