Утрово, околу 7 ч. во зградата на Општина Зрновци се случил пожар при што било опожарено електричното броило од инсталацијата.
Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на вработените, но дополнително интерверниле и од Територијалната противпожарна единица – Кочани. Командирот, Драган Апостолов информираше дека е добиен повик при што превентивно е излезено на терен со 5 пожарникари и 3 возила.
Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев информираше дека настанатиот пожар е локализиран брзо и нема голема материјална штета. Пожарот бил ликвидиран со присебна реакција на вработените со противпожарен апарат. Дополнително, од ТППЕ – Кочани направен е увид во таванските простории на зградата и останатите канцеларии.
Во моментот штетата се санира, а вработените во Локалната самоуправа продолжуваат со работа и функционирање.