Пожар во куќа во Кочани – нема повредени

На 16.12.2024 во 14.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Митко Беќарски“ во Кочани настанал пожар во куќа сопственост на И.И. од Кочани.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а повредени нема.

По наредба на јавен обвинител, увид ќе се врши во текот на денот. 

Дневен билтен на СВР – Штип

Сподели: