Во тeкот на вчерашниот ден, на улицата „Стамен Манов“ во Кочани избувнал пожар, во кој за среќа освен материјална штета нема повредени лица.
На 26.05.2020 во Полициската станица Кочани било пријавено дека во 15.15 часот настанал пожар во куќа на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, сопственост на Т.Е.(75). Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани.
Во пожарот нема повредени лица, а увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Кочани.
Извор: Дневен билтен МВР