Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Кочани избувнал пожар при што причинета била само материјална штета.
„На 21.05.2020 во 11.25 часот во зградата на Полициската станица Кочани, во просторијата за врски, настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема“.
На местото на настанот бил извршен увид.
Извор: Дневен билтен МВР