Доцна попладневно во близина на селото Нивичани изби пожар на отворен простор при што беше зафатена поголема површина на сува трева и нискостеблеста шума.
Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека пожарот е пријавен во 15:50 ч. преку телефонсиот број 112, при што веднаш е интервенирано со едно возило и четири пожарникари и поддршка на Доброволното противпожарно друштво – Кочани со едно возило и пет доброволци. Интервенирано е на тешко пристапен терен.

Пожарот е локализиран и целосно ликвидиран по два часа од пријавувањето при што е спречено негово проширување на поголеми површини.
Најверојатно причина за пожарот е човечки фактор.
И. Матеничарски
Фото: ДПД – Кочани
