Познати дел од полуфиналистите на Петровденскиот турнир

На повеќенаменското игралиште во дворот на СОУ „Љупчо Сантов“ се одиграа првите четвртфинални двојки во рамки на Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Екипата на „Балкан Лукс“ беше поуспешна од тимот на „Паневски“ и со резултат од 4–1 обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот. Противникот  на екипата на „Балкан Лукс“ ќе се знае по одигрување на  натпреварот помеѓу „Астра Казино“ – „Пјаца“ закажан за в понеделник, 5 јули.

Во второто четвртфинале што се одигра вечерва, тимот на „ВЛТ“ Грдовци беше подобар од „Еликсир“  со резултат од  2-0. „ВЛТ“ Грдовци во полуфиналето  вкрстува со победникот од дуелот помеѓу „Златно Зрно“ – „Ауто Велт“ кој ќе се одигра исто в понеделник, 5 јули.

На програмата преостануваат уште два четврфинални меча помеѓу екипите на:

05.07.2021 (понеделник)

20 ч. „Астра Казино“ – „Пјаца“

21 ч. „Златно Зрно“ – „Ауто Велт“

На турнирот ќе се одиграат два полуфинални меча од кои победниците на полуфиналињата ќе играат финале, а поразените екипи за трето место.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: