Познати полуфиналистите на Петровденскиот турнир во мал фудбал

Екипите на „Фичобербер Шери Казино“, „Рели“, „Ауто Велт“ и „Амфенол“ се полуфиналисти на 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Вчера на повеќенаменското спортско игралиште во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се одиграа последните две четвртфинални средби.

Екипата на „Фичобербер Шери казино“ беше поуспешна од тимот на „Ефремови“ со резултат 5:0, додека „Рели“ со резултат од 6:1 го победи тимот на „Осоговска Куќа“.

Претходно, „Амфенол“ и „Ауто Велт“ со победа над своите противници си обезбедија место во полуфиналето на турнирот.

Полуфиналните средби се закажани за в понеделник 10 јули:

19:00  ч.        „Амфенол“ – „Ауто велт“

20:00   ч.     „Фичобербер Шери казино“  – „Рели“

Сподели: