По одигрување на четвртфиналните средби на Петровденскиот турнир во мал фудбал познати се полуфиналистите на овогодинешното 19. издание на спортската манифестација.
Вечерва на повеќенаменското спортско игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ се одиграа два натпревари помеѓу екипите на „Астра Казино“ – „Пјаца“ и „Златно Зрно“ – „Ауто Велт.
Екипата на „Астра Казино“ беше поуспешна од тимот на „Пјаца“ и со победа од 3–2 се пласираше во полуфиналето на турнирот каде ќе се сретне со екипата на „Балкан Лукс“.
Во второто четвртфинале што се одигра вечерва, тимот на „Златно Зрно“ беше подобар од екипата на „Ауто Велт“ и со резултат од 4-0 обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе се сретне со тимот на „ВЛТ“ Грдовци.
Одигрувањето на полуфиналните двојки е закажано за
08.07.2021 (четврток)
21 ч. „Балкан Лукс“ – „Астра Казино“
09.07.2021 (петок)
21 ч. „ВЛТ“ Грдовци – „Златно Зрно“
На турнирот се играат два полуфинални меча од кои победниците на полуфиналињата ќе играат финале, а поразените екипи за трето место.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов