Со одигрување на последното коло од групната фаза на Петровденскиот турнир во мал фудбал познати се четвртфиналистите на овогодинешното 21. издание на турнирот.
Екипите на „Амфенол“, „Але Дар“, „Ауто Велт“, „Џинџер Бар“, „Ефремови“, „Фичобербер Шери казино“, „Рели“ и „Осоговска куќа“ се пласираа во четвртфиналето на турнирот.
На вчерашните натпревари екипата на „Џинџер Бар“ ја совлада екипата на „Голден Бојс“ со резултат 6:3. „Але Дар“ пак славеше над екипата на „Филитеа“, додека екипата на „Еуро Конторл“ не се појави на терените и победата службено и припадна на „Ефремови“.

Четвртифиналните средби се закажани за 7 и 8 јули во следниот распоред:
07.07.2023 (петок)
19 ч. „Амфенол“ – „Але Дар“
20 ч. „Ауто Велт“ – „Џинџер Бар“
08.07.2023 (сабота)
19 ч. „Ефремови“ – „Фичобербер Шери казино“
20 ч. „Рели“ – „Осоговска куќа“
Во полуфинале ќе се сретнат победниците од „Амфенол“ – „Але Дар“ и „Ауто Велт“ – „Џинџер Бар“ и победниците од „Ефремови“ – „Фичобербер Шери казино“ со „Рели“ – „Осоговска куќа“.
И. Матеничарски
