Полицајци привеле 25 – годишник од Кочани баран со потерница

Полициски службеници од Полициската станица – Кочани вчера во с. Чешиново привеле 25 – годишник од Кочани по кого била распишана потерница за сторено кривично дело, тешка кражба.

Како што информираат од СВР Штип:

„На 15.07.2021 во 17.50 часот во с. Чешиново, Општина Чешиново – Облешево полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле Б.Ѓ.(25) од Кочани, по кого била распишана потерница, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.

По приведувањето Б.Ѓ., спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор-Куманово за доиздржување на казната“, стои во соопштението од полицијата.

Извор: Дневен билтен на МВР

Сподели:
  •  
  •  
  •