Жител на селото Облешево бил приведен во полициска станица поради тоа што се обидел да нападне полицајци со остар предмет, кои во одбрана испукале еден преупредувачки истрел во воздух, при интервенција по пријава за агресивно однесување кон вработени од Центарот за социјални работи Кочани.
Како што информираат од полицијата „На 04.11.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода С.Р.(45) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево бидејќи околу 09.00 часот во с.Облешево, агресивно се однесувал кон вработени од Центарот за социјални работи Кочани, а се обидел со остар предмет да нападне полициски службеници, поради што бил испукан еден предупредувачки истрел во воздух од службен пиштол. По комплетирање на случајот против С.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во известувањето од СВР-Штип.
СВР Штип