Кочанската полиција во едно деноноќие интервенирала во два наврати кога во одделни случаи бил нарушен јавниот ред и мир.
Како што информираат од полицијата „На 14.07.2021 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 01.30 часот пред угостителски објект во с.Грдовци, кочанско, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна вербална расправија, по што настанала физичка пресметка помеѓу Х.С.(36) од с.Зрновци и А.П.(39) од с.Грдовци. По комплетирање на случајот против Х.С. и А.П. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во вториот случај, по претходна вербална расправија, две лица физички се пресметале за што од полицијата информираат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
„На 14.07.2021 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во двор од куќата сопственост на А.Ѓ.(62) од Кочани бил нарушен јавниот ред и мир по претходна вербална расправија со физичка пресметка помеѓу А.Ѓ. и Д.Ѓ.(65) од Кочани. По комплетирање на случајот против А.Ѓ. и Д.Ѓ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ стои во соопштението на полицијата.
Извор: Дневен билтен МВР