Полициски билтен: Кај 23 – годишник од Кочани пронајдена дрога

Полициски службеници од ОВР – Кочани синоќа привеле 23 – годишен жител на Кочани, бидејки при преглед кај него била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја.

Како што информираат од МВР „На 25.06.2021 во 23.40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М.(23) од Кочани затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од полицијата.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: