Полициски билтен: На улица ограбен 68-годишник, во Трајаново Трло физичка пресметка помеѓу две лица

Два кривично-правни настани регистрирала полицијата за едно деноноќие во Кочани.

Според полицискиот билтен, поворасен кочанчанец бил физички нападнат на улица при што му биле одземени пари.

„На 01.09.2021 во 12.30 часот во Полициската станица Кочани, Т.Н.(68) од Кочани пријавил дека на 31.08.2021 во периодот од 21.00 до 22.00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани две лица физички го нападнале и му одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот, стои во соопштението на полицијата.

Во вториот случај, 18-годишник со употреба на метален предмет нападнал свој сограѓанин при што го оштетил и неговото возило.

Како што информираат од полицијата „На 01.09.2021 во Полициската станица Кочани бил повикан Е.А.(18) од Кочани бидејќи околу 10.30 часот во населбата „Трајаново трло“ во Кочани со метален предмет го нападнал С.П.(28) од Кочани, а потоа го оштетил и неговото возило. По комплетирање на случајот против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на СВР-Штип.

Извор: Дневен билтен на СВР – Штип

Сподели: