Доследно се почитува полицискиот час во Кочани, регистрира објективот на интерент порталот glasno.mk, по обиколката на улиците во градот, вечерва по 21:00 часот.
Полициските службеници од ПС-Кочани на неколку пункта и со патролни екипи, на висина на задачата ги спроведуваа мерките за ограничување на движењето на лица и возила. На улиците не беа забележани цивили, што значи дека граѓаните ја сфатија сериозноста на ситуацијата и останаа дома.
Единствено такси возила со посебна дозвола и организирани дежурства вршеа превоз на граѓани до болницата или најблиската аптека.
Вечерва во Кочани, освен дежурните служби, на терен беа и дел од новинарските екипи, кои и покрај студеното време доследно информираа за вас граѓаните.
И.Матеничарски
Фото: А.Арсов