Полицијата го откри сторителот што ограби златарница во Кочани

Полицијата го откри сторителот што викендов ограби златарница во центарот на Кочани.

Според непотврдени извори станува збор за младо лице од приградска населба во Кочани, досега непознато на органите на прогонот како извршител на кривични дела.

Претходно од полицијата информираа дека во полициската станица Кочани било пријавено дека во периодот од 20.00 часот на 22.02.2025 до пријавувањето, со употреба на сила и погоден алат било влезено во златарница во Градскиот трговски центар во Кочани и биле одземени накит и часовници.

Украдените предмети се вратени кај сопственикот, а случајот документиран.

Сподели: