Полицијата експресно ги пронајде разбојниците кои крадеа возила во Горни Подлог

Само неколку часа од настанот во селото Горни Подлог каде беа украдени и оштетени четири возила,  полицијата од Кочани ги пронајде сторителите.

Од Одделението за внатрешни работи Кочани информираат дека станува збор за две лица, познати на полицијата, од кои едното на 18-годишна возраст кои по оперативни сознанија се лишени од слобода, а случајот веќе документиран.

Од полицијата информираат дека е известено Јавното обвинителство во Кочани за понатамошна постапка.

И.Матеничарски

Сподели: