Полицијата привела две лица кои попречувале службени дејства на Шумската полиција

На 27.12.2020 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани го лишиле од слобода Т.Ѓ.(50) од с.Теранци, кочанско бидејќи на патот с.Видовиште-с.Теранци, со патничко моторно возило „ланд ровер“ ги спречувал полициските службеници кои во содејство со службени лица од Шумската полиција преземале службени дејствија.

Од страна на полициски службеници, а во врска со случајот бил приведен и В.Ѓ.(20) од с.Теранци, затоа што агресивно се однесувал кон нив при преземање на службени дејствија.

Полициски службеници со потврда го одзеле патничкото возило „ланд ровер“ и по комплетирање на случајот против Т.Ѓ и В.Ѓ ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: Дневен билтен на СВР Штип

Сподели: