Полицајци синоќа привеле 43-годишник од Кочани кај кого биле пронајдени фалсификувани евра.
Како што информираат од полицијата, на 23.08.2020 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода С.Ф.(43) од Кочани, поради тоа што при преглед кај него биле пронајдени 33 банкноти од 100 евра, со ист сериски број и други шест банкноти од 100 евра, со ист сериски број.
Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: Дневен билтен МВР