Полицијата пронајде и заплени огревно дрво без соодветна документација

На 26.09.2022 во 20.45 часот на локалниот пат Кочани – с.Полаки, кај место викано „Пресечена скала“, при контрола во патничко моторно возило „форд“, управувано од Д.Т.(36) од Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани пронашле огревно дрво без соодветна документација.

Возилото со дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели: