Полицијата пронајде прашкаста материја кај две лица во Кочани

При претерс во домови на две лица од Кочани, полицијата пронајде 17 грама прашкасти материи кои се дадени на вештачење.

Како што информираат од МВР, на 17.12.2020, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани ги лишиле од слобода С.К.(33) и А.Б.(24), двајцата од Кочани, затоа што при претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, била пронајдена бела прашкаста материја.

Известен бил Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: