Илинден или денот на Св. Илија е голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2-ри Август.
Илинден има посебно место во историјата на македонскиот народ. Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година на 2ри август е одржано Првото заседание на АСНОМ.
Илинденската традиција во Зрновци е позната по многу настани, но и со тоа што Св. Илија е и селска слава, го прави Илинден еден од најбитните празници.
Денес во чест и слава на борците кои ги положиле своите животи за слободна Македонија, положивме свежо цвеќе на споменикот во паркот во Зрновци и на мостот Синиша Стоилов.
” ВЕЧНА И СЛАВА”
Овој Илинден ќе го паметиме и по големата трагедија која се случи на 31 јули во раните утрински часови, кога младо момче во цветот на својата младост на само 17 години го изгуби својот живот. Денес ништо не е исто.
Голема тага и жалост се надвисна над Зрновци. Васе го напушти овој свет а зад себе ги остави родителите, сестрата, дедовците и бабите, како и големиот број на другари и пријатели.
Животот понекогаш е тежок, но оваа трагедија го прави потежок отколку што можеме да си замислеме. Денес е сосема во ред да плачеме и да се чуствуваме тажно.
ВАСЕ, ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ОСТАНЕШ ВО НАШИТЕ СРЦА!!!, напиша на фејсбук, Блаже Станков градоначалник на Општина Зрновци.