Полските пожари се уште „беснеат“ – во опасност неколку стопански објекти

Критична е ситуацијата на западниот дел од градот Кочани во близина на селото Горни Подлог, каде под закана на оган се неколку стопански објекти од пожарите што од попладнево „беснеат“ низ кочанското поле.

Територијалната протвипожарна единица – Кочани со поддршка на Доброволното противпожарно друштво со сите расположливи ресурси интервенираат во близина на фабриката„Хипотерм“ каде огнената стихија се доближи на десетина метри од стопанските објекти во овој дел на градот.

– Сите сили се сконцентрирани во делот на стопанските објекти во западниот дел на градот.  Ветрот го отежнува гаснењето на огнот, пламените јазици се издигаат по неколу метри. Ангажирана е целата единица, а имаме и поддршка од Доброволното противпожарно друштво – Кочани. Теренот е тешко пристапен, а пожарникарите со сите сили се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат оштетување на куќи и други објкети – истакна за интернет – порталот „Гласно“, командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов.

Пожарот на стрништата избувна попладнево и од него настрадаа помошен објект и земјоделска механизација кај кочанското село Мојанци. Огнената стихија се доблжи до првите куќи во селото Грдовци, а во опаснот беа и објкети за домување кај Горни Подлг.

Состојбата на терен е сложена а на пожарникарите им претстои тешка ноќ за што сведочат и фотографиите кои интернет – порталот „Гласно“ ги направи при обиколката на огнената линија во полскиот дел на Кочани.

Сподели: