Помеѓу стравот и ставот – порака на Гоце Марков

Сум говорел и порано, еве ќе кажам и сега. Допрва треба да учиме за Животот и неговата должина и квалитет. Кога е најтешко, тогаш се гледаат јунаците! – велеше дедо ми. Изградените ставови и принципи едно време во блиско минато, беа станале смешка и фора за кафето во ГТЦ.
Е, сега е друго…
Секојдневно читаме и слушаме работи од кои коса ти крева. Не е анималното, паника е… Најголемиот непријател на разумот и рационалноста.
А да се намалеше малку со говорот на омраза?!
Се можам да разбирам, и притисок, и психологија, и напнатост… ама навистина сега кога е најтешко, и притисокот најголем потребно е да бидеме стабилни и со ладни глави.Да не се претерува со набрзина наученото од You tube и FB, плииз!
На крајот на денот, се ќе заврши, ќе остане тажна статистика, омраза и недоречености!
Да покажеме ГОЛЕМИНА како Македонци!
Да помагаме сегде каде ќе можеме!
Да говореме јасно и без лаги!
Дистинкција мегу паниката и лагата, меѓу лажното и реалното…Ајде да покажеме еднаш барем човечност и еснафлук и да бидеме Македонци!
Нема кафенца во ГТЦ!
Нема седенки во кафани!
Нема деловни состаноци, конференции, митинзи, собири и било какви манифестации…
Ама живи сме, и здрави!
Бидете ми и Вие сите живи и здрави!
Нека бројката запре тука!!
#ОстаниДома
#БидиЧовек
П. С. Ротации на медицинскиот персонал!
Тестирај, тестирај, тестирај….
Контрола и координација!
Да бидеме одговорна нација!

Сподели: