Пониква годинава центар на ридско-брзинскиот шампионат во автомобилизам на Македонија

Патеката кон Пониква и годинава ќе биде центар на ридски-брзинскиот шампионат во автомобилизам на Македонија.

Автомобилистичката федерација на Македонија го објави календарот на натпревари во автомобилизам за 2021 година.

Годинава на патеката „Пониква“ предвидено е да се возат четири трки, во рамки на ридско-брзинскиот шампионат на Македонија.

Првите две трки се закажана да се возат на 9 мај, додека вторите според календарот се на 5 септември.

Трките на Пониква се ставена и во календарот на елитната Централна Европска зона на натпреварување како и на Автомобилистичката федерација на Косово.

Патеката кон Пониква е една од најподготвените патеки во Македонија за ридско-брзински трки, поради што уште сега постои голема заинтересираност за учество од страна на домашни и странски натпреварувачи.

Спортскиот настан е одлична промоција на Кочани и Осоговските Планини и е продолжување на традицијата на одржување на автомобилистичкото натпреварување во општината.

Сподели: