Новите врнежи од снег ја зголемија снежната покривка на Пониква па викендов што претстои се очекува голем број на гости да го посетат Спортско-рекреативниот цетар на Осоговските Планини.
Условите кои ги создаде новата снежна покривка дозволија од утре покрај ски-лифтот 1 во фунција да биде ставен и ски-лифтот 3 на Пониква. Ски-патеките се целосно подготвени за скијање и се на располагање на љубителите на зимските спортови.
Во угостителските објекти за викендов се бара место повеќе, а се очекуваат гости од целата држава.
Патниот правец до СРЦ „Пониква“ е прооден. Екипи на ЈП „Македонија Пат“ постојано се на терен и интервенираат на расчитување на делницата.
И. Матеничарски
Благодарност за фотографиите на „Ski Nadja“.