Попис 2021 – Во Кочани живеат 31.602 жители, забележано намалување на населението за 17%

Вкупниот број на резидентни жители на општина Кочани изнесува 31.602 жители, објави Државниот завод за статистика на прес – конференција соопштувајки ги резултатите од пописот што минатата година се спроведе на територијата на Македонија.

Од нив поголем дел се жени, односно 15.977, додека мажи се 15.625. Според етничката група најголем број се изјасниле како Македонци и тоа 26.798 или процентуално 85%, а веднаш зад нив се Ромите со 1892 жители или 6%, а останатите се Власи, Турци, Срби и други.

Според бројот на домаќинстава, во општина Кочани попишани се 12.006 домаќинства и 18.451 станови.

На последниот попис спореведен во 2002 година и со припојувањето на општина Оризари кон општина Кочани во 2004 година, вкупно во општина Кочани живееле 38.092 жители. Споредувајки ги бројките од двата пописи се доаѓа до заклучок дека за 20 години, бројот на жители во општината е намален за 6490 граѓани, односно за 17%.

На Пописот што се спроведе минатата година се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население што живее во Македонија, додека 260.606 се нерезидентно население.

Мноштво детални податоци од Пописот 2021 можете да најдете во Макстат базата на податоци на веб-страницата www.stat.gov.mk каде што во наредниот период ќе се објавуваат сетови на табели со податоци од Пописот 2021.

Сподели: