Поради градежни активности – времен прекин на сообраќајот кон Подлог

Во вторник, 28 април 2020 година, во периодот од 8 – 14 часот, ќе биде во прекин сообраќајот на патот од преминот преку железничката пруга, пред селото Подлог до мостот на влезот во Подлог.

Времената измена на режимот на сообраќај и условите на сообраќај на општинскиот пат од магистралниот пат А 3, Подлошка крстосница, с. Горни Подлог до селото Мојанци е поради изведба на градежни работи – асфалтирање на дел од тој пат.

Граѓаните коишто во тој период ќе патуваат, потребно е да ги користат другите приоди кон Подлог.

Општина Кочани ги повикува учесниците во сообраќајот да ја почитуваат времената измена, да се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи и апелира дожителите на селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци да имаат разбирање за состојбата.

Сподели: