Поради градежни работи –изменет сообраќаен режим на улицата „Стево Теодосиевски

На 14, 15 и 16 март 2020 г. (сабота, недела и понеделник), во периодот од 9 до 15 ч.  ќе биде затворена за сообраќај улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“.

Станува збор за потегот од крстосницата кај Двојниот мост во централното градско подрачје, до крстосницата кај Стришани, во должина од 420 м, каде е планирано рушење на дел од старите градби заради проширување на сообраќајницата.

Општинските служби ги известуваат сопствениците на дуќаните што се наоѓаат на оваа локација да го организираат дотурот на стока најдоцна до 9 часот наутро и по 15 часот.

За време на изведувањето на градежните работи, сообраќајот ќе биде пренасочен во неколку правци. Товарните возила ќе се движат кон Грдовци, а патничките по улицата „Маршал Тито“ и лево по „22 Октомври“ – еднонасочна улица што се спојува со „Димитар Влахов“.  Во услови на изменет режим, авобусите и минибусите ќе се движат по улицата „Маршал Тито“ до Водостопанство „Брегалница“ и лево по улицата „Димитар Влахов“ кон Стришани и излезот на градот.

Според стручните служби, ќе бидат срушени сите објекти за кои експропријацијата е завршена. Градежните работи ќе ги изведува „Калина“ од Оризари, фирма избрана по спроведена постапка за јавна набавка.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial