Поради дефект на главниот цевковод, високите зони во Кочани имаат прекин во снабдувањето со вода од градскиот водовод.
КЈП „Водовод“ известува дека дефектот е веќе отстранет, а поради потребното време за полнење на резервоарите, корисниците ќе добијат вода по 15 ч.
КЈП „Водовод“ се извинува за прекинот во водоснабдувањето.