Поради лошите временски услови одложени натпревари од ВФМЛ Исток и Запад

Поради лоши временски услови, Комисијата за натпревари праќа информација дека се одложуваат натпреварите од ВМФЛ – Исток, Кожув Гевгелија – Братство, Детонит Јуниор – Осогово и мечевите од ВМФЛ – Запад, Велешта – Силекс, Гостивар – Тетекс 1955, Кораби – Охрид Лихнидос.

Истите натпревари ќе бидат одиграни во вторник, на 14 декември во 13:00 часот, соопштија од ФФМ.

Сподели: