ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани соопштува дека поради реорганизирање на работниот простор и реновирање на објектот, в понеделник и вторник, на 17 и 18 мај 2021 г. нема да работи со читатели.
Библиотеката ќе продолжи со давање библиотечни услуги за читателите од среда, 19 мај. За влез во објектот на „Искра“ ќе се користи задната страна, откај дворното место.