Во рамки на подготовките за почетокот на првенството во Втората Македонска фудбалска лига – Исток, ГФК „Осогово“ денеска го одигра последниот контролен меч во пресрет на новата сезона.
Фудбалерите на ГФК „Осогово“ забележаа пораз од екипата на ФК „Вардар“ – Скопје (0-2), на дуелот што се одигра попладнево на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.
Натпреварот што се одигра денес против екипата на скопски „Вардар“ е последен од подготвителните натпревари на кочанскиот второлигаш „Осогово“.
ГФК „Осогово“ подготвителните натпревари ги заврши со две победи, два порази и едно реми.
Според спортскиот календар, ова беше последен натпревар за „Осогово“, а првото коло од новата натпреварувачка сезона е закажано за 21 август.
Пред почетокот на новата сезона ќе се одржи ждребување за распоредот на натпреварите од новата сезона.
А. Арсов