Пораз на „Осогово“ на вториот контролен меч од подготовките

Во вториот подготвителен натпревар ГФК Осогово денес е поразен од Кожуф во Гевгелија со резултат од 3-1 (2-0).

Домаќините поведоа во 32. минута, а пред истекот на првиот дел, во 43. минута зголемија на 2-0, резултат со кој се замина на паузата.

Во вториот дел нашата екипа во 65. минута преку Паунов намали на 2-1, за да домаќините со гол во 78. минута го постават конечниот резултат од 3-1.

Денешниот меч тренерот Горгиев го започна во следниот состав: Ивановски, Ричков, Крклински, Ангеловски, Дончев, Михаилов, Димовски, Паунов, Недановски, Трајановски и Здравевски

Следниот контролен меч ќе се одигра в сабота со почеток од 13:30 часот на Градскиот стадион „Никола Мантов“ против Академија Пандев У 21.

Сподели: