Порака по повод Неделата на сестринството од медицинскиот персонал во Општа болница Кочани

Од денеска до 12 мај се одбележува Неделата на сестринството, во која годинава ќе изостанат средбите и свеченостите со оглед на тоа што како медицински работници се во првите редови во борбата против коронавирусот.

По тој повод медицинскиот персонал од Општа Болница со проширена дејност Кочани, упати порака со честитка до сите сестри, техничари и акушерки по повод Неделата на сестринство.

Почитувани сограѓани! Почитувани колеги здравствени работници!

Од денес па се до 12-ти мај ќе трае одбележувањето на Меѓународната недела на сестринството. 5-ти Мај – ДЕНОТ НА АКУШЕРКИТЕ, па се до 12-ти мај – ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ ТЕХНИЧАРИ И СЕСТРИ, оддаваме почит на сестринството за хуманоста, за посветеноста со која сите здравствени работниви се вклучија во борбата со невидливиот непријател, SARS-Cov2 а со тоа се испрати една космополитска порака до целото човештво за враќање на човечките квалитети.

Пораката која денес ја испраќаат здравствените работници е почитување на мерките и препораките на СЗО и подигање на националното ниво на здравствена заштита по теркот на глобалните случувања и глобални цели кои ќе бидат поврзани со едно универзално здравство.

Здравјето на пациентот и безбедноста на здравствениот работник на прво место ,како и една нова форма на борба против преносливи и непреносливи болести, подготвеност и одговор при итни случаи и секогаш на нивото на задачите.

Гоце Марков претседател на Основната организација на Црвен крст во Општа болница Кочани

Дипл. мед.сестра Александра Кокева

Мед. Сестра Верица Карангелова

Спец. Мед. Сестра Даниела Јованчевска

Дипл.мед.техничар Димитар Лазаров

И.Матеничарски

Сподели: