Порталот „Гласно“ одбележува една година постоење

Пред точно една година, на 27 ноември 2019 год. започна со работа интернет-порталот „Гласно“.

Како нов медиум во локалниот медиумски простор, „Гласно“  за краток период успеа да се наметне кај читателите.

Статистиката говори дека за една година од постоењето на порталот објавени се 1293 статии, со близу милион прегледи (983.215 според Google Analytics).

Изминатава година беше голем  предизвик за нас, пред се нашиот труд преку објективното, точно и навремено информирање да биде препознаен од публиката.

Првиот  роденден Ви го посветуваме токму на вас читателите, со надеж дека и во следните 365 дена, „Гласно“ ќе биде вашиот прв извор на информирање.

До следното читање, Ви благодариме.

И. Матеничарски

А. Арсов

Сподели: