„Последниот боем“ – ново музичко ремек дело на Тодор Филипов – Тоше

Професорот, музичар и композитор, кочанчанецот  Тодор Филипов – Тоше ја промовираше својата нова авторска композиција „Последниот боем“.

Песната е мелодична и ритмична преку која се опеува боемството како начин на живот.

Аудио продукцијата на композицијата е на Маријан Стоименов – Ѕика, додека видео спотот е изработен од Фото „Луна“, а снимен во познати угостителски објекти во Кочани.

Професорот Филипов е автор и на песната „Кочани граду мој“ која од 2010 година е официјална химна на град Кочани, „Ќе помине се“, авторска композиција снимена за време на Ковид пандемијата и др., а се јавува и како основач на Школата гитара „Ги-То“ преку која голем број на генерации ја засакаа гитарата и научија да свират.

И. Матеничарски

Сподели: