Утре, 12.12.2020 год. (сабота) се играат натпреварите од последното 16-то коло од есенскиот дел на шампионатот во Втората фудбалска лига – Исток.
Фудбалерите на ГФК „Осогово“ гостуваат кај последнопласираната екипа на „Росоман“. Дуелот ќе биде можност за „жолто-сините“ со победа да го завршат првиот дел од сезоната со оглед на катастрофалната форма на тимот од Росоман.
„Осогово“ по победата на домашен терен над екипата на „Победа“ во претходното коло, сега се наоѓа на седмата позиција во натпреварувањето, со три победи, седум нерешени дуели и пет порази, со бодовно салдо 16.
По одигрување на 16-тото коло од ВМФЛ – Исток екипите заминуваат на пауза. Почетокот на пролетниот дел на шампионатот е закажан за 27 февруари 2021 година.
Распоред за 16-тото коло во ВМФЛ – Исток:
Табела: