Последно коло од есенскиот дел на првенството во 2МФЛ – „Осогово“ гостува во Прилеп

В сабота ќе се одигра последното коло од есенскиот дел на шампионатот во  Втората Македонска Фудбалска Лига – Исток.   

ГФК „Осогово “ гостува во Прилеп каде на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ со почеток од 13:00 часот ќе се сретне со екипата на „Победа“.   Иако прилепчани важат за фаворити, сепак „жолто сините“ имаат можност да го докажат спротивното и со победа да се искачат на осмата позиција во натпреварувањето.

Тимот на првопласираната „Беласица“ ја пречекува екипата на „Плачковица“ , додека „Брегалница“ гостува во Кавадарци кај екипата на „Тиквеш “. Исходот од овие два натпревари треба да го даде есенскиот шампион во првенството.

Во 14-тото коло од натпреварувањето ќе се сретнат и екипите на :

ФК „Каменица Саса“ – ФК”Кожув“

ФК „Беласица„ – ФК „Плачковица“

ФК „Кит-Го“ – ФК „Питу Гули

Вториот дел од првенството започнува на 22 февруари.

Сподели: