Поставена заштитна ограда на дел од улицата „Тодосија Паунов“

Заштитна ограда во должина од околу триесетина метри е поставена на  дел од улицата „Тодосија Паунов“, почнувајки од спојот со улицата „Киро Кикенски“ па се во должина на предниот дел од дворот на  ОУ„Малина Попиванова“ во Кочани.

Потребата за поставување на оградата се наметна поради зголемената фреквенција на луѓе и возила на овој потег, а пред се на учениците кои учат во кочанското основно училиште.

Со поставување на оградата на овој дел од улицата ќе се зголеми  безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial