Поставена соообраќајна сигнализација и воведен нов режим на сообраќај во центарот на Зрновци   

Локалната самоуправа на Општина Зрновци поставени нова сообраќајна сигнализација на критични точки во Зрновци, заради зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот.

Станува збор за поставени сферни огледала на пет локации во Зрновци, успорувачи на брзината и сообраќајни знаци согласно новиот режим на сообраќај на улицата „Генерал Апостолски“ покрај кејот на река Зрновка.

– Заради поголема  безбедност и несакани настани предизвикани од моторни возила воспоставен е сообраќаен режим на улицата „Генерал Апостолски“  што се протега од плоштад „Св. Димитрија“ до мост кај Соколана, односно согласно сообраќаен проект, позитивно мислење од СВР – Штип и решение од градоначалникот на општина Зрновци, споменатата улица за време на летниот распуст на учениците, во период од 17:00 до 05:00 часот е затворена за сообраќај за моторни возила и ќе се користи како пешачка патека, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци.

Сподели: